Богдановиќ да одговори: Каде се 14 милиони евра од општина Центар за 3 години ?

Политикологот, експерт за тероризам и човекови права Митко Сланинковски прашува каде исчезнале 14 милиони евра од буџетот на општина центар откако оваа општина ја води кадарот на СДСМ Саша Богдановиќ.

Сланинковски објавува табели со финансиски анализи од кои се гледа колку пари помалку има во касата на Центар за која Богдановиќ тврди дека е полна.

“Да видиме како се движел буџетот на општина Центар откако Саша Богдановиќ станува градоначалник.
Тој вика дека финансиски Центар никогаш не стоел подобро.
Дали е тоа така❗Слика бр.2 ⬇️”, пишува Сланинковски.

Богдановиќ се уште не дал одговор на ова прашање.