По серијата напади врз медицински персонал министерот Венко Филипче најави дека приватна агенција ќе ги обезбедува критичните здравствени установи од насилници.
„Професионално обезбедување ќе биде ангажирано на четири најкритични места. Едно од нив е старата Градска болница. Тука се слеваат огромен број на случаи. Се случуваат инциденти со алкохолизирани граѓани. Тука често има сообраќајки. Обезбедување ќе го чува и Ургентниот центар при Универзитетската Клиника, клиниките Токсикологија, Кардиологија и секако Клиниката за Психијатрија, која пак има и сопствен механизам за справување со инциденти“, изјави Филипче.
Министерот за здравство рече дека и МВР ќе се вклучи со мобилни екипи кои ќе патролираат.
Минатата година Филипче бараше болниците да ги чуваат војници на АРМ, но идејата наиде на осуда.