Бодигард на Талат Џафери со кривично дело, ќе го казни ли Спасовски (ВИДЕО)

Член на обезбедувањето на спикерот на Собранието Талат Џафери го прекршил законот со снимање од камера од возило во движење.

Снимката на која се гледаат различни луѓе и возила бодигардот потоа ја поставил на социјалната мрежа Тик-Ток но за тоа се уште не е санкциониран.

Пред две години министерството за внатрешни работи објави дека секој што ќе снима јавен простор од своето возило во движење ќе мора да плати казна од 400 евра.

Четиристотини евра во денарска против вредност изнесува паричната казна која ќе ви ја наплати државата во судска постапка, плус кривична пријава за незаконско снимање, поднесена од секој поединец чиј идентитет ќе биде утврден во снимениот материјал кој е прибавен со било каков вид камера, поставена во автомобил или во станбена зграда. Ова дело е казниво според Законот за лични податоци на Македонија.

Согласно член 369 став (1)од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18 и 83/18), само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата, согласно со закон.

На потег е министерот Спасовски кој има доволно докази за кривичното дело сторено од член на обезбедување на спикерот Џафери кој со објавување на снимката практично сам си поднесол кривична и прекршочна пријава.