Боб Дилан е обвинет од жена која тврди дека американската рок легенда сексуално ја злоставувал пред речиси 60 години, кога имала 12 години, објавија медиуми.

Во тужбата поднесена кон крајот на минатата недела, тужителката Ј.Ц, тврди дека Дилан ја злоставувал во период од шест недели помеѓу април и мај 1965 година.

Тој наводно „го искористи својот статус како познат музичар за да ја снабди J.Ц. со алкохол и дрога и сексуално да ја злоставува “.

Адвокатот на Дилан, Роберт Цимерман, во изјава за USA Today, рече дека „обвинението старо 56 години е невистинито и енергично ќе биде побиено на суд“.

Боб Дилан, во мај наполни 80 години.

Дилан се смета за најголем текстописец на сите времиња. Меѓу неговите најзначајни дела се „Blowin’ In The Wind “,„ The Times They Are a-Changin“ и „Like a Rolling Stone “.

Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за 2016 година „за создавање нови поетски изрази во рамките на големата традиција на американска песна“.