Изјавата на премиерот Зоран Заев, од 3 септември во која вели: „Нашата цел е да се грижиме … за сите етнички заедници, за сите малцинства што ги имаме во земјата, вклучувајќи го и бугарското малцинство“, е протолкувана како „провокација“ од страна накои кругови во соседна Бугарија.

Извасна Бугарска национална платформа ги повикува бугарските власти да протестираат до властите во Скопје за изјавата на Заев и да започнат „соодветна кампања за подигање на свеста кај нашите евроатлантски партнери со цел навистина да се гарантираат правата на граѓаните на Македонија со бугарска самосвест“, пренесува порталот Њуз.бг.

Концептот за „малцинство“ го нема во Уставот на Македонија, туку се говори само за народ или за делови од народи што живеат на нејзината територија и во никој случај не го зема предвид нивниот број – без разлика дали се мнозинство или малцинство, пишуваат од Бугарската национална платформа.

Во конкретниот случај на граѓаните на Северна Македонија со зачувана бугарска самосвест, единствената прифатлива формула е „делот на бугарскиот народ што живее на територијата на Северна Македонија“.

Ние веруваме дека терминот „бугарско малцинство“ што го користи премиерот на с.Македонија е недозволива провокација, која уште еднаш потврдува дека Скопје не раскина со својата зависност од тоталитарниот југословенски период.

Уште се констатира дека „оваа провокација е направена во пресрет на почнувањето на втората фаза од пописот на населението“ во Македонија…