Светот може да ја одземе моќта на Саудиска Арабија и Русија да ги подигне цените на суровата нафта со формирање сопствен картел за да ги поттикне обновливите горива и да влијае на енергетските пазари.

Земјите увознички на нафта треба да создадат организација на купувачи, еден вид анти-ОПЕК+.


Ова ќе ги лиши Русија и Саудиска Арабија од можноста да ги зголемуваат цените и да ги принудат да продаваат гориво по пазарни услови.

Соработката на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман со рускиот претседател Владимир Путин, што го прекршува договорот меѓу Ријад и Вашингтон за намалување на цената на нафтата ја нагласи едноставната реалност: ОПЕК+ мора да престане да постои, се вели во анализира Блумберг.

Целта на ОПЕК беше да создаде монопол. Неговиот несакан ефект е катастрофална нестабилност.

Со нивната последна одлука да го намалат производството за два милиони барели дневно во време кога цените веќе достигнаа 90 долари за барел, двата нафтени кралеви (Русија Саудиска арабија) ги открија своите карти: имаат намера цената на суровата нафта да скокне на сто долари за барел.

Од ова корист ќе имаат не само Русија и Саудиска Арабија , туку и иранските ајатоласи и антидемократскиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, се вели во анализата.

(…)
Предлог-законот кој моментално се наоѓа пред Конгресот, наречен NOPEC („No Oil Production and Export Cartels“), ќе ги отстрани механизмите за суверен имунитет и ќе ги подложи Саудиска Арабија и нејзините сојузници на американските антимонополски закони.

Ако Соединетите Американски Држави и Европа ги применат антимонополските закони во пракса – на пример со наметнување увозни давачки, ограничување на пристапот до јавните финансиски пазари, наметнување казни и санкции – против Саудиска „Арамко“, руската „Роснефт“ и другите државни нафтени компании, – картелот нема да биде способни да ги надујат цените, што ќе доведе до нивно нагло намалување.

Претставниците на двете партии во американскиот Конгрес отворено ја поддржуваат ваквата правна постапка.

ОПЕК+ вклучува многу земји – не само Саудиска Арабија, туку и Нигерија и Ирак – и како и другите картели, тој е силен исто колку и неговата најслаба алка. Доколку американската влада има правни алатки, организацијата секако би можела да протестира, но нема да може да преземе ефективни контрамерки.

За да го заменат ОПЕК+, САД и Европската унија мора да организираат голем анти-картел кој вклучува одговорни производители и потрошувачи на нафта. Организацијата за чист и достапен транспорт (OCAT) би управувала со нестабилноста на цените на достапен, но профитабилен начин – можеби почнувајќи од 70-90 долари и постепено ќе се намалува како што се намалува побарувачката за гориво.
Исто така, треба да бара од сите извозници на нафта да го намалат загадувањето и емисиите на јаглерод…