Недостаток на тоалетна хартија може да се појави во светот како резултат на недостиг на бродови за транспорт на суровини од Јужна Америка, пренесува Блумберг.
Според американската новинска агенција, бразилската компанија Сузано Папел е Целулоза, која е најголем производител на дрвена маса, полуфабрикати од дрво вклучително и за тоалетна хартија, предупреди дека „глобалниот недостиг на транспорт може да доведе до застој во испораката на суровина “.
Сузано Папел е Целулоза има удел од околу една третина од светското снабдување со дрво.
Значителни нарушувања во трговијата со пулпи „на крајот можат да влијаат на снабдувањето со тоалетна хартија ако производителите немаат доволно залихи“, јавува Блумберг.
