Русија планира да ги зголеми трошоците за одбрана во следната година од сегашните 3,9 проценти од бруто домашниот производ на 6 отсто или 112 милијарди долари, пишува „Блумберг“.

Обезбедените расходи речиси двојно ќе се зголемат – од 6,5 трилиони рубљи на 11,1 трилиони, што е 30 отсто од вкупниот обем на буџетските расходи.


Федералниот буџет на Русија за 2023 година се очекува да изнесува повеќе од 35 трилиони рубљи, што е за 22 отсто повеќе отколку во 2023 година, а дефицитот ќе се преполови – од 1,8 отсто на 0,9 отсто од БДП.

Растот на приходите од продажбата на нафта и гас се очекува да достигне речиси 25 проценти.

Трошоците за одбрана во предлог-буџетот на Украина за 2024 година, пак, ќе изнесуваат 1 трилион и 685 милијарди гривни, што е повеќе од половина од сите буџетски расходи. Според сегашниот официјален девизен курс на Народната банка на Украина, тоа се 46 милијарди долари.