„Блумберг“: Русија ќе најде купувачи за нафтата што не ја сака ЕУ!?

Москва ќе најде нови пазари за половина од својата сурова нафта, од која Европската унија (ЕУ) ќе се откаже од декември, објави „Блумберг“.

До 1 милион барели сурова нафта дневно во текот на оваа зимска сезона, Русија може да продаде на Индонезија, Пакистан, Бразил, Јужна Африка, Шри Ланка и некои земји од Блискиот Исток.

Само земјите од овој регион можат да увезуваат до 500.000 барели руска нафта дневно. Овие земји потоа ќе можат да пренасочат одредени количини руска сурова нафта за извоз.

Но, минатата недела беше објавено дека САД и нивните сојузници од Г7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Франција и Јапонија) и Европската унија (ЕУ) ќе воведат забрана за поморски транспорт на руска нафта на 5 декември и за нафта производи – на 5 февруари.