Европа загуби околу 1.000 милијарди долари од почетокот на рускиот напад врз Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите, објави „Блумберг“.

Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент, наведува Блумберг.

Блумберг оценува дека и онака високите цени ќе продолжат да растат и во наредните години.

Според Блумберг, стабилизацијата на енергетскиот пазар во Европа нема да се случи пред 2026 година, кога се очекуваат нови испораки од САД и Катар.

По почетокот на руската инвазија на Украина, европските земји воведоа санкции кон Москва и почнаа да преземаат чекори за да обезбедат помала зависност од руските енергетски извори во иднина.