Бугарија воведе данок на рускиот природен гас што транзитира низ нејзина територија, што ги поттикна трговците да размислат дали овој потег може да предизвика спор со Москва и добавувачите на гориво во услови на веќе нестабилниот пазар, објави Блумберг.

Новиот предлог-закон, објавен во петокот и стапи во сила веднаш, воведува давачка од 20 бугарски лева (10,76 долари) по мегават час гас од руско потекло.

Бугарија повеќе не увезува гас од Русија за свои потреби, но таа е важна рута за значително намалениот проток на гас што Русија го испраќа во Европа…Речиси половина од рускиот гас влегува во Бугарија од Турција преку Турски поток, за понатамошни испораки до Унгарија, Србија и други делови од јужна Европа.

Овој потег носи нова несигурност на веќе вознемирениот пазар, пишува Блумберг.
Цените на природниот гас во Европа пораснаа во последните денови, бидејќи заканите за протокот на гас се зголемуваат на глобално ниво, вклучувајќи ја и војната меѓу Израел и Хамас

Минатата година, руски Газпром го запре снабдувањето на домашниот пазар на Бугарија, откако земјата одби да плати во рубљи за гориво и се префрли на алтернативни добавувачи, вклучително и Турција.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев за зголемувањето на таксите за транзит на гас, што ги усвои Собранието во Софија, објави српската веб-страница „Политика“.

„Ова е голем проблем за нас, драстично ќе ја покачи цената на гасот, со дополнителни 100 евра за 1.000 кубни метри гас. Тоа се страшни поскапувања, па ќе разговараме со нив. Ова не треба да важи за Србија“, изјави Вучиќ.