Блумберг: Бајден ќе трча втор претседателски круг да го порази Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден официјално ќе се кандидира за втор мандат, а намерата ќе ја објави неколку месеци по среднорочните избори за Конгресот во ноември, пренесува Блумберг, повикувајќи се на помошници и советници на шефот на државата.

Бајден е одлучен, иако анкетите покажуваат дека повеќето демократи би сакале друг кандидат. Извори на „Блумберг“ велат дека претседателот е охрабрен од неговите „неодамнешни законодавни, економски и надворешнополитички успеси“ и дека би сакал повторно да го победи Доналд Трамп доколку тој биде републикански кандидат.

Но, тројца демократи во Конгресот предложија 79-годишниот Бајден да го отстапи своето место на помлад наследник, додека неколку други демократски претставници „демонстративно одбија“ да го поддржат неговиот реизбор, наведува „Блумберг“

Според FiveThirtyEight, сервис кој ги анализира анкетите на јавното мислење, рејтингот на претседателот е околу 40%.

Во април, The Hill објави дека Бајден „јасно става до знаење“ дека има намера да се кандидира во 2024 година. Според извор, тој разговарал за ова со поранешниот претседател Барак Обама. Белата куќа подоцна ги потврди тие планови. Во јуни, Њујорк Тајмс објави дека некои демократи не се сигурни дали Бајден може да победи, вклучително и поради рејтингот на претседателот.

Во исто време, многу поддржувачи на демократите ги отфрлија сугестиите дека „било кој друг демократ би постапил подобро“ од Бајден.