Сметката на Град Скопје, кој во моментот е под водство на актуелната градоначалничка Данела Арсовска е блокирана од стариот Скопски саем, за долг од 100 милиони денари, додека извршното решение е 156 милиони денари, неофицијално дознава „Фокус“.
Сметката е блокирана поради долг од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време, но сега со присилна наплата се повлекуваат парите.
Инаку, Скопски саем во моментот е во стечај…
Градот Скопје според информации на Фокус во моментот располагал со сума од околу 10 милиони денари, што значи дека бил пред банкрот. Тоа значи дека ако тие 156 милиони денари се наплатени од буџетската сметка, Градот останува на нула, поточно оди во минус.
И покрај ова, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера организираше работен појадок за медиуми во еден од поскапите скопски ресторани во населбата Капиштец. На брифингот беа поканети уредници само на некои медиуми, дознава СДК
Од Кабинетот на Арсовска за СДК информирале дека „Во својот мандат Арсовска нема потрошено ниту денар за репрезентации, за разлика од нејзиниот претходник Шилегов кој трошеше пари за бифтеци и скапи алкохолни пијалоци“…
