Блогери од САД за „правилата“ на Македонците: За Македонија вели само Македонија, никогаш Северна

„Професионалната патувачка двојка“ од САД, Одри и Хари, кои во 2019 година добија признание за најдобар блог за нискобуџетни патувања, врз основа на своите три посети на Македонија и вкупно околу девет месеци поминати тука издвојуваат 10 најзабавни „правила“ на Македонците.

1. Додади леб, сирење и ајвар на секој оброк

Баталете кечап и сенф, бидејќи по посетата на Македонија ги направивме лебот, сирењето и ајварот наши придружници. Ќе треба да почнеме да правиме сопствен ајвар многу наскоро.

2. Мисли дека секогаш е совршено време за ракија

Секое утро велиме дека завршивме со пиењето, за неколку часа подоцна: „Би можел да пивнам ракија“. Ако чувството е толку добро, како може да биде погрешно?

3. Плаши се повеќе од провев отколку од Ковид

Што и да правите, не кажувајте му на Фаучи (првиот експерт за коронавирус во САД – н.з.) за – провев. Ќе ги прекрие сите со ќебиња и нема да можеме да ги напуштиме домовите без палто или со влажна коса – се разбира, ќе треба да ги затворите и вашите прозорци.

4. Пиј македонско кафе по цел ден

Кога не пиеме ракија, веројатно пиеме македонско кафе, ако не ни се истури насекаде!

5. Обвини ги возачите со албански таблички како неспособни (дури и ако сè уште не сториле ништо)

Единственото нешто што ја успорува албанската регистарска табличка е голема брзина или дупка. Всушност, Албанија е единствената земја во која сме биле, каде што можете да ја поминете (престигнете) полицијата без да бидете нервозни дали ќе бидете казнети.

6. Верувајте дека сме експерти во поглед на историјата на Балканот

Во овој момент, не сме сигурни дека некој знае што точно се случило.

7. За Македонија вели само Македонија, никогаш Северна

Северна Македонија: дури и не звучи правилно. Никогаш не го кажувајте зборот на „С“.

8. Седи во кафуле час или два и нарачај само еден пијалак

Се подобруваме во ова. Првиот пат кога седнавме со пријателите на Балканот на кафе, секако дека го испивме за околу три минути, а потоа рековме: „Не сме навикнати на овие мали шолји. Дали долеваат бесплатно?“. Потребно е време за да се научи уметноста на бавното (пиење) кафе.

9. Чисти со правосмукалка во кој било дел од денот или од ноќта

Опсесивно-компулсивната деформација на Одри околу чистењето совршено се вклопува во Македонија.

10. Зборувај лошо за Албанија и Грција, но оди таму на одмор

Па, некои делови се некако убави.