Близок на советникот во МВР со закана за новинар

Новинарот Сунаи Сабриоски открива дека добил закана од човек кој му сугерира да не се занимава со таткото на двајцата браќа кои прободеа со нож полицаец и не добија притвор туку само одземање на патни исправи.

Целиот статус на Сабриоски:

“Немој не си ја пикај главата кај што не ти е местото – Звонко Цветковски е опасен човек, познат во околината! Се додека живееме во стравот на посеаната моќ на тие „ Лидери на моќта“ќе стравуваме да не’ не испукаат со пиштол сред улица или да ти го забодат ножот како тоа што му го направиле на Филип.

А одлуката на надлежниве институции за синовите на моќников, за кој зборуваат многумина, да бидат оставени на слобода е еклатантен пример за двојни аршини. Од друга страна со ваквата одлука на институциите се отвора прашањето дали сакаат да не едуцираат и дадат пример дека ако утре ме испукаат на улица или забијат нож треба по итно да се откажам од барање на правдата бидејќи сум се соочил со „ моќници“? Ок нема да биде така бидејќи сум новинар ќе се јаде трици на велико, ќе се бара правда и ќе се појават сите експерти, панелисти и демонстранти и невадини организации, домашни и странски.

Но, што е со Филип?

Да беше обратна ситуација, да беше Филип тој што ги прободува двајцава мангупи кои со ножеви се шетаат слободно – до сега ќе го кркаше. Ќе беше збутан експресно во притвор, наредниот ден ќе ја добиеше правосилната пресуда со можеби 10 години казна затвор? Обратна ситуација, го избодија, преживеа без бубрег и слезина и никому ништо, задоволи се со одлуката дека им се одземени пасошите.

Од друга страна Филип јавно проговори дека СЕ ПЛАШИ ЗА НЕГОВАТА БЕЗБЕДНОСТ БИДЕЈЌИ МАНГУПИТЕ НА ТАТО СЕ СЛОБОДНИ! Да и јас се плашам како и Филип знаејќи што се шета слободно, знаејќи што може да се случи!!!

Не го користам случајот на Филип за да паметувам и собирам лајкови, не се плашам од моќници бидејќи нивната интелегенција е сведена на тоа или да ме испукаат или претепаат крвнички.

Филип е еден од низата еклатантни примери за „ СИЛУВАНА ПРАВДА“ каде ако се преживее ќе биде болка на семејството и роднинити кои ќе заглават во лавиринтите барајќи ја правдата е така им е на семејството на Филип!

Лупен кромид во сучај да мора да плачиш и зелен цеден лимон за детоксикација од „СИЛУВАНАТА ПРАВДА“.

Причината за заканата до новинарот

https://www.expres.mk/sabrioski-nekogash-posakuvash-da-si-dete-na-dzvonko-da-butash-nozhevi-vo-zhivi-lugje-i-kr-da-ne-te-boli/

Сабриоски: Некогаш посакуваш да си дете на Ѕвонко, да буташ ножеви во живи луѓе и к*р да не те боли