„Блиска средба“ на Вучиќ и Курти во Берлин

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин каде ќе имаат заедничка средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„На покана на канцеларот Шолц, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак ќе отпатува во Берлин за да се сретне со канцеларот, а потоа ќе одржи посебна неформална средба со претседателот Вучиќ и премиерот Курти“, рече Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешна политика и безбедност, известува Бета.

Средбата во Берлин ќе биде прва средба меѓу Вучиќ и Курти од јули минатата година, кога се сретнаа во рамки на „бриселскиот дијалог“. Тие, минатото лето се сретнаа во два наврати, но двете средби завршија со меѓусебни обвинувања и не доведоа до резултат.

Српскиот претседател во пресрет на средбата во Берлин изјави дека е нервозен и дека не очекува лесен разговор, пренесе Танјуг.