Блиска средба меѓу руски и германски борбен авион над Балтичко Море

Руски борбен авион Су-27 денеска придружуваше германски извидувачки авион надвор од воздушниот простор над Балтичкото Море, откако се приближи до руската граница, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Екипажот на рускиот борбен авион ја идентификуваше воздушната цел како патролен авион на германската морнарица П-3Ц Орион“, се вели во соопштението, во кое се додава дека германскиот авион не влегол во воздушниот простор на Русија, туку дека рускиот ловец е кренат за да се спречи нарушување на државната граница.

„Пилотите не дозволија да се наруши руската граница. Германскиот авион се сврте, по што Су-27 се врати во базата“, се вели во соопштението на руското МНР, во кое се нагласува дела екипажот ја извршил задачата во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води.