Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја обвини Кина дека презема неодговорни чекори“ со прекинување на билатералните односи со Вашингтон во повеќе области и со дејствијата кон Тајван кои покажуваат промена од приоритетот за мирно решение кон употреба на сила.
Блинкен реагираше откако кинеските авиони и воени бродови вежбаа напад врз Тајван во саботата, еден од серијата чекори преземени од Пекинг по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван претходно оваа недела.
Одмаздата на Кина во запирање на билатералните процеси во осум клучни области, вклучително и одбраната, наркотиците, транснационалниот криминал и климатските промени се потези кои ќе го казнат целиот свет, а не само САД, рече Блинкен на прес-конференција во Манила. „Ова вклучува неколку воени канали, кои се клучни за да се избегне погрешна комуникација и криза“, рече тој.
„Суспендирањето на соработката за климата не ги казнува Соединетите Држави, го казнува светот, особено светот во развој. Не треба да ја држиме соработката за прашања од глобално значење во заложништво поради разликите меѓу нашите две земји“, вели Блинкен.
