Министерот за евроинтеграции на Косово, Блерим Река, во интервју за РТК изјавил дека никој нема право да преговара за територијата со Србија.
Но, тој рече дека на Србија и ’се нуди голем компромис – излез на пристаништето Драч, преку Косово, без да даде дополнителни детали.
Министерот Река вели дека Србија е блокирана и нема пристап до море бидејќи е блокирана од Црна Гора и дека не може да го стори тоа дури ни преку Македонија., пренесува „Газета експрес“.