Благодарница и икона на Исус Христос во име на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, му врачи денеска амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов, на раководството на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Изразената благодарност до тимот на медицинската установа е за укажаната лекарска помош на настраданииот навивач Драгомир Андонов од нападот со ладно оружје пред фудбалскиот натпревар меѓу Левски и Шкупи во Скопје.
Иконата „Исус Христос Пантократор“ е копија на иконата од Рилскиот манастир и е прва осветена од православните цркви во Бугарија и Македонија.