„Бизнисменот“ Пекер со меко срце: Донирал лаптопи за онлајн-настава во Маврово и Ростуше

Турскиот мафијаш Седат Пекер, еден од 215 криминалци од регионот што добиле македонски пасош во последните четири години, на 17 ноември 2020 година бил во посета на Општина Маврово и Ростуше, при што подарил неколку лаптопи за онлајн-настава.

Во информацијата објавена на Фејсбук-страницата на Општината за приемот на Пекер од градоначалникот Медат Куртовски се вели дека „бизнисменот“ од својот домаќин бил запознаен со можностите за инвестирање во туризмот, лесната индустрија и во други стопански гранки.

Само два месеца подоцна несудениот инвеститор е протеран од Македонија поради „злоупотреба на престојот“.