Бивш најблизок соработник на Борисов со поддршка за Македонија во ЕУ

Цветан Цветанов, поранешен претседател на ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а сега лидер на партијата Републиканци за Бугарија, со спротивен став од владеачката гарнитура за стартот на преговори на Македонија со Европската унија.

„Германското претседателство со Советот на ЕУ, државите-членки и САД го поддржуваат отворањето на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата. Некои држави од Истокот и сили во Северна Македонија и во Бугарија работат против овој голем чекор на нашиот сосед на неговиот евроатлантски пат. Каде се позиционирани бугарската Влада и Бугарија во оваа геополитичка и концептуална матрица? Дали работиме во интерес на демократијата и на просперитетот во регионот или напротив?

Ние од Републиканци за Бугарија изразуваме целосна поддршка за напорите на нашите пријатели и соседи од Северна Македонија за нивната евроатлантска интеграција“, објави министерот за внатрешни работи на Бугарија од 2009 до 2013 година.