Битолчани и сите други граѓани но поради близината најмногу граѓаните од битолско денеска на Денот на независноста можат бесплатно да го посетата музејот на албанската азбука во Битола.

Покрај овој музеј Битолчани бесплатно ќе можат да ја посетат и Хераклеа.

Оваа одлука ја донесло министерството за култура на чие чело стои министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, позната како ,,пратеничката до скафандерот” која е од Битола.

,,🇲🇰 Под мотото „Обединети во слободата“ го славиме 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

Организираме Отворен ден на музеите, па утре по повод празникот, за бесплатна посета ќе бидат отворени и археолошките локалитети Стоби и Херaклеа, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј-Скопје, Музеј на македонската борба за самостојност, Музеј на Северна Македонија, Природнонаучниот музеј, Музејот на современа уметност , Даут Пашин амам и Чифте амам.

Низ државата отворени ќе бидат вратите и во музеите и заводите во Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево, Уметничката галерија во Тетово и Музејот на Тетовскиот крај, како и Музејот на албанска азбука – Битола, и Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државата за својата верна публика, на Денот на одбележувањето на независноста, 8 Септември, на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно прилагодлива за отворен простор е една од оние кои поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на театарот”, пишува во вчерашното соопштение на министерството за култура.