Битолчанец го уби својот поранешен зет, откако и се заканувал на неговата керка. Полицијата соопшти дека 44 годишниот маж почина на местото на настанот, во претсобјето од куќата на осомничениот, веднаш откако беше застрелан од страна на 62 годишен човек. Поранешниот зет насилно и со нож влегол во нивниот дом и се заканувал.

Настанот се случи околу 6 часот утрово, а по оваа семејна расправија беше повикана итна помош која констатираше смрт кај 44 годишниот битолчанец.

Полициска екипа и јавен обвинител извршија увид во семејната куќа на таткото на поранешната сопруга на убиениот, каде што се случи убиството, а осомничениот е лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинтел телото на починатиот е предадено на обдукција.