Во рамките на Клиничката болница во Битола, ќе биде подигнат модуларен Ковид-центар со капацитет од 90-120 легла кој ќе биде опремен со нова медицинска опрема.

Болницата со тоа ќе добие и нов рентген апарат, покрај постоечкиот кој е стар 43 години, објави СДК.мк.

„Модуларните болници стигнуваат целосно опремени од кревети, рентген апарати, ехо, клими. Она што ќе го добиеме се најсовремени услови за третман со сеʹ што е потребно, вклучително и рентген апарати и ехо. Рентген апаратот што го имаме е од 1977 година“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничка болница Битола.