Арсенал од близи 3.500 неексполдирани убиствени средства е откриен непосредно до стадионот под Тумбе кафе и зафаќа дел од патот.

Станува збор за неексплодирани артилериски гранати
со калибар од 75 милиметри. Сите тежат околу 40 тони, а во нив има 1,5 тон чист експлозив заостанати од Првата светска војна со калибар од 75 мм и со голема убиствена моќ, а се претпоставува дека ги има барем два до три пати повеќе.

Екипа на пиротехничари шест дена неуморно работат, соочувајќи се со опасностите на оваа опасна професија.

„Како што ја гледаме конфигурацијанта на теренот, очекуваме минимум 10.000 илјади прачиња, што е 80 тони тежина. Тоа ако е границата до патот, ако е преку пато тогаш не можеме до кај ќе стигнеме, можеби ќе дојдеме до 30-40 илјади прачиња гранти. Ќе се работи се додека не се изваид послендата граната“, вели Ефтим Митров, реководител на тимот пиротехничари во ДЗС.