Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата Стадион на Канал 77 рече дека Македонија се уште нема сопствеништво во гасниот терминал Александруполи затоа што во Бугарија како кососпственик не може две години да се состави влада.

Вицепремиерот во емисијата рече дека за Македонија да добие 10 отсто сопственост во овој стратешки проект и да издвои 30 милиони евра треба прво Бугарија да даде согласност а за тоа се чека година и пол дена.

– Ние тогаш побаравме 10 отсто на сопственост, месециве ќе се финализираат целосно. Една од пречките за нефинализирање на договорот за 10 отсто е затоа што во Бугарија скоро две години немаме влада, а Бугарија е таму сопственик со одредени проценти. Треба да дадат согласност петте пари дека ние влегуваме со 10 отсто

Тој рече дека уделот од 30 милиони евра што ќе го вложи Македонија по некое време ќе ја зголеми десеткратно својата вредност. Според Битиќи, терминалот треба да биде изграден во 2024.

Во мај минатата година балканските лидери и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, во Грција го одбележаа почетокот на регионалниот енергетски проект„Александроуполи“  со што се отвора можност за енергетска независност.

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката. Станува збор за проект за долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време. Република Северна Македонија во 2021 се приклучи кон проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.