Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека за шест месеци ќе се дефинира усогласувањето на платите откако ќе заврши периодот на дијалог и преговори, вклучувајќи го тука и образованието.
„ Имаме период од шест месеци, решенијата се на маса и тоа ќе се направи преку преговори“, рече Битиќи на денешниот панел што се одржа во рамки на форумот организиран по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.
Според него, Владата донела одлука периодот на усогласување да биде шест месеци.
„ За жал, некои тоа го искористија за лошо и пред да започнеме дијалог за усогласување на платите во целиот јавен сектор, влегоа во активности коишто ги гледавме деновиве како што беше штрајкот во образованието“, рече Битиќи.
