Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски вели дека цените на горивата растат поради тоа што заради геополитика расте и цената на нафтата на светските берзи.
Русија времено забранува извоз на бензин и дизел
„Не расте само кај нас, туку насекаде низ светот“ вели Бислимовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
„За мене таа одлука е неразбирлива, но тоа е тоа, имаме одреден тренд на раст на нафтените деривати.
Јас верувам дека ќе преовлада разумот, дека ќе се врати цената на една нормала како што беше пред еден месец, и ќе се стабилизира состојбата“, вели Бислимовски.
