Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека ако некој досега плаќал за струја 1000 денари месечно сега ќе плаќа 1250 денари а тие што плаќале по 2000 ќе плаќаат по 2800 денари.

Тој вели дека ако владата не субвенционира купување на струја граѓаните ќе плаќаат по најмалку 50 насто повеќе за сметките.

Она што е најзастрашувачко во неговите денешни изјави е најавата дека ако не се набави доволно гас и се купува мазут за греење тоа ќе има сериозни последици по екологијата односно здравјето на граѓаните.

Бислимовски гарантира дека парите што би се заштедиле на набавка на мазут ќе бидат потрошени на онкологија односно во битката против канцерогени заболувања кои ќе бидат предизвикани од токсичниот мазут.

Целата изјавата на Бислимовски на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=939294930802645&id=359477174168894