Дипломатскиот,,Бисер” на пратеничката на СДСМ Снежана Калевска Ванчева ја засени дури и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која минатата недела ,,се прослави” со сочувството за Ферус Мустафов.

,,Од дипломатските активности на пратениците на СДСМ издвојуваме уште еден “бисер” кој докажува дека нивното про-форма фотографирање за време на патувањата во странство нема политичка содржина, ниту реална корист за Македонија.

Напротив. Да не му го знаеш ниту името, ниту функцијата на оној со кого се фалиш дека ти е пријател и со кого имаш блиц фотографија не е само лично бламирање, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина. Во случајов ваквата површност е и понижувачка за Претседателот на парламентот на Украина”, коментира шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски.

Пратеничката Ванчева направи гаф со еден од најбитните политичари во Украина на кого таа не му го знае ни името, ни функцијата а притоа ,,од функцијатс” го тргна и претседателот Зеленски.

За функционерка на СДСМ, Зеленски не е претседател на Украина!?