Медиумскиот тајкун Џабир Дерала кој говореше на партиски настани на СДСМ е меѓу луѓето сопственици на најголем број на медиуми во Македонија и кој се споменува во анализа на Балканската истражувачка мрежа БИРН/ПРИЗМА.
Но БИРН од незнаење или од несакање прво нецелосно ја објавува листата на медиуми кои се под капата на Дерала и второ воопшто не навлегува во финансиските извори на медиумскиот тајкун кој има контрола на огромен број медиуми и месечно троши илјадници евра за спонзорирање само на Фејсбук.
,,Продукцијата Шорткат, во сопственост на Џабир Дерала, првиот човек на невладината организација Цивил, го зголемува бројот на портали со кои раководи. Почна со Фронтлајн.мк, потоа го презеде и Нова.мк, а неодамна го отвори и Градска.мк. Освен тоа, и порталот основан од невладината, цивилмедиа.мк, објавува информативни содржини. Некои содржини, пред сѐ, колумни се објавуваат на повеќето од нив”, пишува Авторот Гоце Трпковски кој (не)намерно не ги спомнува огромните пари кои Дерала ги троши за спонзорирање на социјалните мрежи за кои не се знае од каде доаѓаат.
Целата нецелосна сторија на БИРН/ПРИЗМА која деновиве почнува со проект финансиран со стотици илјади евра од американската амбасада на овој ЛИНК
https://prizma.mk/kopi-pejst-novinarstvo-pod-ist-krov/