Осврнувајќи се на судски одобреното основање на Центарот за македонски јазик во Грција, Балканската истражувачка мрежа (БИРН) низ разговор со еден од основачите наведува неофицијални истражувања според кои јазикот сè уште се зборува во околу 500 села и 15 градови кај јужниот сосед на Макдонија.
„Еден од основачите на Центарот за БИРН изјави дека значителен број луѓе сè уште зборуваат македонски како прв или втор јазик, концентриран во префектурите Костур, Драма и Кавала. Неофицијалните истражувања покажуваат дека бројот на грчки села каде што се зборува јазикот е околу 500, а градовите и населбите околу 15.
‘За време и по [грчката] граѓанска војна [од крајот на 1940-тите], десетици илјади луѓе беа протерани [во тогашна југословенска Македонија] поради јазикот. Ние сме група активисти, ние сме аматери, го сакаме нашиот јазик, ја сакаме нашата култура и сакаме да го зачуваме и развиваме нашиот јазик додека во одреден момент јазикот не се вклучи во грчкиот образовен систем’, рече истиот активист.
‘Како прв чекор мислевме да организираме онлајн курсеви, на кои секој може да присуствува со едноставна регистрација сам. Нашите напори се надеваат на демократско подобрување во однос на европските вредности на целото грчко општество во однос на различноста, толеранцијата и знаењето што треба да го добијат сите грчки граѓани. Се надеваме дека грчките граѓани ќе го поддржат овој напор и ќе ни помогнат да постигнеме некои позитивни резултати’, додаде активистот“, пишува во написот објавен на „Балкан инсајт“.