БИРН: Другар на Заев добил нови државни бизниси

Стојан Иванов, другарот од детството на премиерот Зоран Заев, добил уште еден партнерски бизнис со Владата.

Балканската Истражувачка регионална мрежа БИРН открива оти овој струмичанец кој признава дека со премиерот одел по родендени, свадби и одмори, на почетокот од годинава зел под закуп и 14 бифеа распоредени по министерствата и во неколку државни институции.


Бифеата ги зел со наддавање, во некои случаи и за само неколку денари повеќе од почетната цена а конкуренција имал во само две институции.

Предходно Иванов го доби бизнисот со центарот за полагање возачки испит во Струмица каде без никакви формални гаранции направил огромен ризик и инвестирал 150 илјади евра пред воопшто да се знае дали има шанса да го победи противникот.

За бизнисот со возачки дозволи за кој сега истражувал БИРН телевизијата Алфа објави пред неколку месеци но и тогаш и сега провладините медиуми молчат и го игнорираат случајот.

За владата нема ништо спорно што другар на премиерот Заев влегува во државни бизниси во кои предходно не бил активен.

Истражувањето на БИРН

/