Професорот Мерсел Биљали кој е екс министер од ПДП но сега важи за близок на СДСМ се нафрли со навреди кон двајца политиколози – експерти за ЕУ кои предходно во Брисел беа нападнати од премиерот Ковачевски и кон уште двајца македонски политичари.
Биљали беше дел од луѓето блиски на владата кои беа присутни на брифингот на Ковачевски за францускиот предлог.
Покрај шефицата на Институтот за европски политики (ЕПИ) Симонида Кацарска и првиот човек на Институтот за демократија Марко Трошановски, Биљали ги напаѓа и екс вицепремерот за евроинтеграции Никола Димитров и екс пратеникот на СДСМ Горан Минчев.
,,Е ова е вашиот продукт почитувани: Димитров, Кацарска, Трошановски, Минчев… Апасиев ви стана компас!!! Инаетот, љубомората, болните амбиции и фрустациите, не се баш добар сојузник…”, пишува Биљали откако повеќе луѓе со пиштоли ги пречекаа демонстрантите против Бугаризација кај плоштадот Скендербег а еден од нив пукаше.