Бил Гејтс се разведува

Бил и Мелинда Гејтс објавија дека по 27 години брак се разведуваат.

Тие објавија дека не веруваат дека и понатаму можат да продолжат како двојка.

„По многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак“, објави парот на Твитер.

Тие првпат се запознаа во осумдесеттите години кога Мелинда се приклучи на фирмата „Мајкрософт“ на Бил.

Парот има три деца и заеднички ја водат фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Бил Гејтс е четврт најбогат човек во светот, според Форбс, и вреди 124 милијарди долари.