Новинари и уредник во медиуми блиски на СДСМ тврдат дека партијата на власт односно медиумските стратези на Зоран Заев вршат невиден притисок сите медиуми на кои што може да се влијае, да не објавуваат ништо за новата афера која ја откри италијанскиот весник Ла Верита.
Дел од нив запрашани зошто со часови не објавуваат за очигледно атрактивната и аргументирана информација на Ла Верита срамежливо велат дека наредбата е дојдена од највисоко ниво, дека уредниците се засрамени што не смеат да објават но во исто време и уплашени.
Случајно или не ниту еден од медиумите кои важат за блиски на СДСМ или за нивни поддржувачи не објавуваат ништо за изборните криминали од страна на “криминалната банда” за која пишува Ла Верита.
Иако за аферата свои текстови објавија дваесетина медиуми кои се дел од агрегаторот на вести time.mk на насловната страница на оваа платформа нема ниту една информација за скандалот во кој е инволвиран Заев.
Интересно е што до 14 часот вест за аферата нема ниту на портали на сопственици кои тврдат дека се професионални и независни како на пример плусинфо.мк на Бранко Героски.
За разлика од медиумите кои под притисок ја кријат аферата десетици илјади луѓе од утринава на социјалните мреѓи ја споделија сторијата на Ла Верита која носи огромна читаност за тие медиуми што ја објавија.