БиХ, Црна Гора и Македонија се на мета на Русија, смета Абазовиќ

Мандатарот за состав на нова влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во контекст на руската воена интервенција во Украина ги посочи неговата земја, Босна и Херцеговина, како и Македонија, како цели на Русија.



„Во ситуација на голем судир каков што е сега големите држави имаат можност да запалат мал оган на други места. Не велам дека ова е закана за Црна Гора, но ако постојат земји кои се мета, тоа се само три земји: БиХ, Црна Гора и Северна Македонија“, изјави Абазовиќ, кој смета дека неговата земја може да ги искористи случувањата во Украина за да го забрза својот пат кон полноправно членство во Европската унија.