Полскиот експерт за европски интеграции, Западен Балкан и Југоисточна Европа Јакуб Биеламович смета дека ЕУ вчера прославувала заложништво на една земја, Македонија, од страна на членка на Унијата.

За него фотографијата направена во Брисел каде Ковачевски и Рама слават со претставници на ЕУ е прослава на заложништво на Македонија.

,,Добро утро – вака ЕУ 🇪🇺 го слави држењето на Македонија 🇲🇰 во заложништво на 🇧🇬 бугарските националистички и ревизионистички барања.

Во меѓувреме, бугарското МНР ги потсети сите земји членки на ЕУ дека нема да го признаат македонскиот јазик.

Изгледа како добар почеток!”,иронично пишува послкиот експерт за евроинтеграции и за Балканот.