Средба со претставниците на македонските Бугари побарал македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, јави БГНЕС.

Барањето на Османи доаѓа само една недела откако еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи прими претставници на Бугарите од Македонија во Брисел кои го информирале дека се жртва на „инсититуционална дисриминација и омраза“.

За два дена истекуваа рокот од три месеци во кој бугарските здруженија треба(ше) да ги усогласат имињата и програмите со измените во Законот за здруженија и фондации. 

Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16-ти март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба да ги избрише.