БГНЕС: На возила со бугарски таблички им е забранет влез во Македонија!

Стотици возачи на возила со бугарски регистарски таблички веќе неколку дена алармираат дека ималезабрана за влез во РС Македонија, објави БГНЕС:

Агенцијата се повикува на предупредувањата на лидерот на партијата Граѓанско-демократски сојуз (ГДУ) во РС Македонија Петар Колев.

„Додека целиот свет е обединет во потрага по начин како да се стави крај на војната во Украина и да се осуди агресијата на Кремљ, обидувајќи се да им помогне на бегалците, македонското Министерство за внатрешни работи заедно со царинската управа реши уште еднаш да се справи со бугарските државјани кои живеат во Македонија“,вели Колев.

Според Колев, објаснувањата од македонските власти се засноваат на наводи за царински прекршоци и фиктивни прописи на МВР и Царина, потребни се документи за отпишување на адресна регистрација во Македонија (т.е. документ дека не живеат во Македонија) и голем број други причини.

„Должен сум да споделам – никој од овие граѓани не добива официјален писмен документ зошто не може да влезе во РС Македонија“, продолжи Колев.

Тој во овој чин гледа уште еден апсурд во Македонија:

„Во позадината на обидите на сите прогресивни и проевропски сили во Македонија да изнајдат решение за проблемите со соседна Бугарија, некој деструктивен елемент реши да „се изживуваат“ преку Бугарите и бугарските граѓани во Македонија.

Знам дека некој дебел функционер, политичар, началник или слично ќе ми објасни дека се е според Устав и закон, но морам да ги потсетам дека бегалците од Украина кои дојдоа кај нас поминаа неколку граници, но само ние ги прашавме за зелен картон за нивните возила – каква шизофренија?!“, вели Колев.