Неколку стотици луѓе скандираа „Бугари, Татари и фашисти“ пред зградата каде во Охрид свечено требаше да биде отворен бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, јави репортерот на БГНЕС од Охрид,
Кон зградата се фрлаат јајца и камења, јави агенцијата.

Бугарската агенција известуваа дека некои од демонстрантите носеа плакати со натписи против Бугарија и против Европската унија, која ги поддржа „фашистичките барања на Бугарија“.
Протестот официјално го поддржа лично лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој повика на „масовно учество на протестот против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Се приклучи и проруската формација „Левица“ на Димитар Апасиев. повиците за учество на протестот.“, јавува БГНЕС и потсетува дека Мицкоски и Апасиев беа главни организатори на протестите против францускиот предлог летово.

Неколку часа пред отворањето на клубот во Охрид, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на раководството на оваа партија, Антонио Милошоски, јавува репортерот на БГНЕс, најави дека денеска лично до парлементот ќе достави „предлог закон со кој се забранува создавање и регистрација на здруженија кои имаат директна врска со Третиот Рајх и со фашистичкиот режим“.