Бугарија има најмал број на вакцинирани лица против СОВИД-19, а во исто време и најголема стапка на смртност, јави БГНЕС.
Процентот на вакцинирани кзаклучно со ноември достигнува 29%, а бројот на починати е 325 на 1 милион луѓе за период од 14 дена.
Според овие два показатели, нашата земја држи анти-рекорд низ Европската Унија, оценува БГНЕС.
Следува Романија, каде што има само 43% вакцинирани – втор најнизок во ЕУ – со стапка на смртност од 267 луѓе на 1 милион во период од 14 дена..
Податоците покажуваат дека колку повеќе луѓе се имунизирани против смртоносната болест, толку помалку луѓе умираат од СОВИД-19.
Водачи според степен на вакцинација се Ирска, Португалија, Малта, Данска, Белгија, Шведска и Финска, каде што се вакцинирани меѓу 83% и 93% од населението, а пријавија меѓу 0 и 29 смртни случаи.
