Бугарската држава не го забранила и не може да го забрани нефункционалниот таканаречен македонски културен клуб во Благоевград, реагира агенцијата БГНЕС на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој побара итно затворање на бугарските клубови во Македонија како реципрочна мерка, по затворањето на културниот клуб во Благоевград.
Мискоски: Веднаш да се затворат бугарските клубови во Македонија
БГНЕС, за макдонскиот клуб „Јонко Вапцаров“ пишува дека е „приватно финансиран проект и како таков ниту подрачната општина ниту други државни органи или институции не можат да заземат став за неговото функционирање. Иницијативата за која станува збор е прашање на приватен договор меѓу сопственикот на имотот и закупецот, а властите на државата немаат никакво мешање во врска со неа“.
Дополнително, по импровизираното „отварање“ на клубот во присуство на генералниот секретар на претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската партија ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во Благоевград, дотичниот клуб воопшто не работеше и оттогаш е затворен, јави дописникот на БГНЕС од Благоевград.
БГНЕС потсетува дека претходно бугарското Министерство за надворешни работи изјави дека отворањето на приватниот клуб на 30 октомври во Благоевград било сфатено како провокација. Од 2003 година постои договор меѓу Бугарија и РСМ, кој предвидува формирање на Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје и соодветно на РСМ во Софија.