Беззаконие во центарот на Скопје, МВР не реагира (ВИДЕО)

Во центарот на Скопје се случува сообраќаен хаос а МВР не реагира.

На улицата Боемска 2 каде е забрането паркирање на улицата речиси во текот на сите денови од неделата може да се видат непрописно паркирани возила.

Некои од нив се паркирани на коловозот, некои на третоар а некои на пешачки премин.

На само стотина метри од Боемска 2 има паркинзи на Град Скопје и на општина Центар кои во недела се бесплатни.

Видеото и фотографиите се снимени во недела, 28 Мај околу 21 часот.