Можно е да има забавување на економската активност следната година заради претстојните вонредни парламентарни избори, смета гувернерката Анита Бежовска Ангеловска.
„Искуството досега упатува дека изборите е можно да имаат влијание на забавување на економската активност, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период, така што можно е, не е исклучена можноста, да има одредено забавување на економската активност“.
Но гувернерката вели дека важно е во целиот овој период да се продолжи со структурните реформи, бидејќи тие се најважниот фактор што го детерминира растот.
Народна банка на Северна Македонија останува на својата прогноза дека БДПќе биде 3,5 отсто, додека за наредната година прогнозира 3,8 проценти.
За Буџетот за идната година чие носење се одложи на вчерашната владина седница Бежовска рече дека НБМ не ги има деталите, и очекува да го види предлог буџетот, но и новата фискална стратегија.