Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти на јавноста дека од понеделник, сите невакцинирани полнолетни грѓани во Грција, освен во угостителските објекти, нема да имаат пристап ни до други затворени простори, како што се кината, театрите, музеите или фитнес центрите, каде што досега постоеше опцијата за влез со негативен тест, јави Катимерини.
За литургиите во црквите, невакцинираните ќе треба да приложат негативен тест, а промени од следниот месец ќе има и за вакцинираните со наполнети 60 години.
Според Мицотакис, „над седум милиони Грци ја одбраа вакцината, односно тројца од четворица возрасни“ се вакцинирани, но истакна дека сепак, 575.000 граѓани над 60 години се невакцинирани.
соопшти дека од претседателката на Европската Комисија ќе побара дигиталниот сертификат да биде валиден само по примена трета доза.
„За валидноста на сертификатите, во допис до претседателката на Европската Комисија ќе предложам дигиталната европска потврда да важи само доколку ја наведува третата доза по шест месеци. Со цел да избегнеме било каква пукнатина во ѕидот на имунитетот што е веќе изграден на нашиот континент“, рече грчкиот премиер.
