Без пардон – пишува Нуман Салаи

„Неки нови клинци” не ја играa „криенката” непрепознатливо!!!

Со Бети и без неа „помирување” ке има. Ќе се гласат уставните промени за промена на името.
И Касами ќе се „смири”, не е налутен!!!

Ке му пројде,главно нешто пабара,јавноста слушна.

Ете Села се смири,откако доби ништо.

Преамбулата не е задолжителен член на Уставот,иако сите закони бе требало да произлегуваат од неа. Нели!

Всушност, „помирувањето” се случило одамна, само сега се забавува сиромавиот народ. И тие што си протестираат надвор „не го даваме името” и тие што си седат по дома и чекат што ке се случи на 15.

Сега само се реализира „филмот” демек е многу тешко кога треба да се промени името на државата, која тотално е суспендирана. Барем од правен аспект!!!

Зар навистина мисли никој дека не се препознава играта што се игра, особено по „бегството” на Груевски и амнестија за терористи што упаднаа во Собранието.

Во тангото, пардон, во орото се Заев, Али Села, Касами, Мицковски, Љубчо, па дури и Груевски од Будимпешта.

Советниците на премиерот секако и тие се во игра: Игра според нотите на американската амбасада.

Да не бидам погрешно сфатен. И јас сум за промена на името, бидејќи долго време сме заложници на овој тежок проблем, но тоа не треба да се прави со вакви уцени, во стилот на Милошевиќ „уставно, неуставно ние ќе ја укинеме аутономијата на Косово”. Се сеќавате сигурно.

Џорџе Балашевиќ имаше една песна која долго се вртеше низ забавните радио емисии: „Неки нови клинци„ не успеаа да ја играат и пејат песната „играјмо државу”!!!

Ги препознаа во криенката-игра!!!