Без негативен ПЦР или рапид тест нема влез во Грција

За уште две седмици продолжени се се мерките за ПЦР или рапид тест за сите граѓани кои влегуваат во Грција независно дали се вакцинирани или не.

Мерка важи и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“ стапува во сила утре, а ќе важи до 7 февруари 2022 година во шест часот.

Негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција, без разлика дали посетителите се вакцинирани, дали прележале Ковид-19 или се невакцинирани.