Денешната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на безбедносните служби на која директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски,треба да реферира за случајот со даденото македонско државјанство на украинскиот граѓанин Олександар Онишченко, е затворена за јавност.

Ова го побара Димовски поради, како што нагласи, класифицираните информации што ќе ги изнесе.

„Замолувам оваа седница да биде затворена за јавноста. бидејќи документите поради кои ме повикаа се од класифициран карактер“, рече Димовски.

Од пратениците и членовите на Комисијата, беше побарано да ги остават мобилните телефони на масата пред салата, а од пратеничките беше побарано покрај телефоните да ги остават и чантите.